Ролан Гарос се подготвува за невакцинираните тенисери

Жил Моретон, претседател на Француската тениска федерација, изјави дека уште отсега се подготуваат за годинешното издание на турнирот Ролан Гарос, односно да доаѓањето на невакцинираните тенисери и тенисерки.

На денот кога во Австралија решија по повеќедневно тормозење и полнење на медиумските извештаи дефинитвно да му ја одземат визата и со тоа поканата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковик да не учествува на првиот Грен-слем турнир во Мелбурн, Моретон се осврна на актуелниот проблем во тенскиот свет, а тоа се тенисерките и тенисерите кои досега од различни причини не се вакцинирале против Covid-19.

„Нашите луѓе заедно со француските власти моментално ги договораат правилата за влегувае на турнирот на оние натпреварувачи кои не се вакцинирани. Во таа смисла не верувам дека ќе има некакви проблеми“, изјави Моретон.

Ролан Гарос на програмата е од 22-ри мај до 5-ти јуни.