Рома ја затвори голеадата во Серија А, на пет меча 28 погодоци

163
Olimpico stadium in Rome, Italy, 18 October 2020. ANSA/RICCARDO ANTIMIANI

Особено ефикасната фудбалска недела во Италија ја заклучија Рома и Бенвенето со натпреварот со седум погодоци а на кој славеа домаќините со 5:2.

Вкупно во неделата на пет натпревари беа постигнати 28 погодоци, што е одличен просег од 5,6 голови по натпревар.

Беневенто храбро влезе во дуелоти веќе во петтата минута гостите поведоа со голот на Џанлука Капрари. Меѓутоа, Рома до полувремето направи пресврт на резултатот преку Педро Роригез во 31 и Един Џеко во 35 минута. Беневенто успеа и да израмни во 55 минута кога Џанлука Лападула постигна гол по одбиена топка откако голманот Антонио Миранте го одбрани неговиот удар од пенал во левиот долен агол.

Сепак, радоста на гостите не траеше долго. Жордан Верету во 69 минута погоди од пенал за ново водство на Рома, а потоа во 77 минута Џеко со својот втор гол на мечот го удвои водството а конечниот резултат го постави Карлос Перез во 89 минута.

Рома сега има седум бодови и е на седмото место на табелата, а Беневенто е десетти со бод помалку.

Удинезе со 3:2 ја совлада Парма, впишувајќи ја првата победа оваа сезона, извојувана во последните минути од мечот.

Гостите поведоа и на овој натпревар во 26 минута преку Ернани Азеведо Жуниор но по само две минути израми Самир Каетано де Соуза Сантош. Тимот од Удине поведе во 52 минута кога Симеоние Јакопони ја погоди сопствената мрежа, но неговиот соиграч во нападот Јан Карамо во 70 минута донесе ново израмнување, а трите бода за домашните ги обезбеди Ингасио Пусето во 88 минута.

Удинезе со првите три бода сега е на 17-то место, а Парма со ист број бодови но послаба гол-разлика е место подолу на табелата.

Фудбалерите на Калјари победија на гостувањето во Торино со 3:2 во одличен меч во кој на крајот трите бода отидоа кај гостите.

Торино поведе веќе во четвртата минута со голот од пенал на Андреа Белоти, но веќе до 20 минута Калјари направи резултатски пресврт преку Жоао Педро во 12 и Џовани Симеоне па на полувремето се замина со предност на гостите од 2:1. Белоти со својот втор погодок на мечот израмни во 49 минута, но возврати Сименое во 73 минута за новото водство на Калјари. Настојувањата на домашните за ново израмнување останаа попусти, и особено откако во 87 минута беше исклучен Вања Милинковиќ-Савиќ.

За Калјари ова беше првата победа во одиграните четири кола и моментално е на 12-то место со 4 бодови. Торино, пак, одигра три меча и на сите беше поразен, па е единствениот клуб во Серија А кој досега не освоил ниеден бод.

Во вториот саботен меч Специја и Фиорентина одиграа 2:2, оако гостите веќе по четири минути игра водеа со 2:0.

Германи Пецеља погоди за водство на Фиорентина во втората минута, а во четвртата зголеми Кристијано Бираги. Новиот првололигаш преку Даниеле Верде во 39 минута го намали водството, а за израмнувањето се погрижи Диего Фариас во 75 минута.

За Специја ова беше првото реми сезонава, а со една победа во четирите кола има четири бодови и е на 13-то место. Идентична е ситуацијата и со Фиорентина која поради подобрата гол-разлика е 11-та.

Во првиот неделен натпревар Саусоло оствари голема победа од 4:3 на гостувањето кај Болоња, која двапати имаше водство, а водеше со два гола разлика до 60 минута.

Болоња поведе во 9 минута со голот на Роберто Сориајно, а веќе во 18 минута за Сасуоло израмни Доменико Берарди. Предноста на домашните ја врати во 39 минута Матиас Сванберг а во 60 минута ја удвои Ригардо Орсолини. Но Филип Ѓурчиќ во 64 минута го намали водството на Болоња а Франческо Капуто во 70 веќе израмни. Трите бода заминаа кај гостите благодарејќи на автоголот кој во 77 минута го постигна Такехиро Томујасу.

За Болоња ова беше третиот пораз од почетокот на сезоната, а има една победа и со трите бода е на 17-то место. А Сасуоло, пак, заедно со водечкиот Милан се единствените непоразени екипи во Серија А досега, и на второто место има 10 бодови, односно два помалку од „Росонерите“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.