Рома го доживеа првиот пораз под водство на Мурињо, Лацио до бод во финишот

Рома со 3-2 загуби на гостувањето кај Верона со што ова беше прв пораз под водство на Жозе Мурињо на официјален меч за римскиот клуб додека Лацио се спаси од пораз против Каљари, мечот заврши 2-2.

Натпреварот почна одлично за Рома, во 36. минута Пелегрини со прекрасен гол со пета донесе водство од 1-0.
Следуваше луд вовед во второто полувреме. Барак во 49. минута изедначи на 1-1, а Капари пет минути подоцна погоди за комплетен пресврт и водство на Верона од 1-0.
Во 58. минута автогол на Илиќ за израмнување на 2-2, но Фарони веќе во 63. минута го врати водството на Верона со спектакуларен гол.
До крајот на мечот јалови беа нападите на Рома за избегнување на првиот пораз оваа сезона.
Блиску до пораз беше и Лацио, тој на домашен терен одигра 2-2 против Каљари.
Имобиле пред крајот на првото полувреме донесе водство за Лацио, но Жоао Педро во првата минута од вториот дел изедначи на 1-1.
Во 62. минута Балде постигна гол за водство на Каљари од 2-1, Каталди на седум мимнути до крајот ги постави конечните 2-2.