Рома го запре Наполи, реми на Интер и Јуве

Giuseppe Meazza stadium in Milan, 24 October 2021. ANSA / MATTEO BAZZI

Најголемото дерби на талијанскиот фудбал меѓу милански Интер и торински Јувентус кој во неделата вечерта го затвори деветтото коло од Серија А заврши без победник 1:1.

Интер беше близу до победа и водеше до самиот истек на регуларниот дел од натпреварот, но едно невнимани во одбраната на Јувентус му овозможи да остане непоразен преку најстрогата казна.

Во поголемиот дел од дуелот не беа создавани вистински шанси за фол. Во првите 20-ина минути Јуве имаше да добри обида,, на Мората и Квадрадо, а играчите на Интер почесто кружеа околу шеснаесетникот на гостите, но имаа малку вистински удари. Еден од нив во 17 минута кога силно и неочекувано биеше Чалјаноглу заврши во стативата а на одбиената топка најдбрзо реагираше Един Џеко и ја спроведе во голот.

Натпреварот и до крајот на првиот дел продолжи во ист ритам, а и во вториот кога домашните играчи беа и порезервирани а гостите безуспешно се обидуваа да врзат конкретен напад. Во завршницата Јуве го зголеми притисокот. Прво се закани нововлезениот Паоло Дибала од слободен удар, кој Хандановиќ со доста мака го скроти, па уште неколку топку профучеа покрај домашниот гол. Гостите дојдоа неочекувано до израмнување, кога Думфрис невнимателно стартуваше и го собори Алекс Сандроо на самата линија на шеснаесетниот, а пеналот го реализираше Дибала за реми.

Интер остана третопласиран со 18 бодови, а Јувентус како малку кога во својат историја со 15 бодови од шестата позиција заостанува дури 10 бодови зад водечкиот тандем на Наполи и Милан.
По осум победи во низа заврши сотпроцентата серија на Наполи во Серија А, откако на дербито на римски „Олимпико“ кај Рома одиграа без голови.

Наполи во текот на целиот натпревар го имаше поседот на топката и го диктираше темпото, но сепак подобри шанси имаше Рома. Стопроцентна шанса во финишот имаше Манцини, но од неколку метри со глава шутираше крај голот. Претходно гол на спротивната страна можеше да постигне Пелегрини. Мрежата на Рома се затресе во самата завршница кога погоди Осимен, но голот беше поништен поради офсајд. Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз во 71 минута го замени Пјотр Зјелински во зацврснувањето на средниот ред на гостите.

Во 81 минута клупата на Рома мораше да ја напушто тренерот Жозе Мурињо кој беше исклучен, но крајот не го дочека ниту неговиот колега од противничкиот табор Лучано Спалети кој беше исклучен во седмата минута од судиското продолжение на мечот.

Наполи се врати на врвот на табелата, но сега со ист број бодови со второпласираниот Милан по 22, двете екипи досега впишаа осум победи и едно реми но наполитанците имаат подобар гол разлика., додека Рома со 16 бодови е четврта.

Претходно Аталанта на свој терен во последните секунди испушти драгоцени бодови за приклучок кон врвот, откако одигра 1:1 со Удинезе. Рулан Малиновски ги доведе во водство домашните во 56 минута, а за гостите важен бод донесе Бето во четвртата минута од судиското продолжение.

Аталанта со 16 бодови е на петтото место, а Удинезе е 14-ти дојде до 10 бодови, четири повеќе од зоната на испаѓање.

Фаворизираниот Лацио беше потполно надигран на гостувањето кај Верона и поразен со 1:4, а сите срелец на сите четири погодоци беше Џовани Симеони, синот на тренерот на Алтетико Мадрид Диего Симеоне, во 30, 36, 62 и 92 минута. Чиро Имобиле беше стрелец на погодокот за гостите во 46 минута.

Лацио со 14 бодови е на седмото место, а Верона дојде до 11 бодови со кои е на 11-то место.

Фиорентина дома со 3:0 го совлада Калјари, а стрелци беа Кристијани Бираги во 21 минута од пенал, Николас Гозналес во 42 и Душан Влаховиќ во 49 минута. Фиорентина има 15 бодови и е на шестото место, а Калјари со шест бодови е претпоследен 19-ти.