Рома и Интер подготвиле понуди за Кејхил

Калчолигашите Рома и Интер подготвиле конкретни понуди за дефанзивецот на Челзи, Гари Кејхил.

33-годишниот дефанзивец, чиј договор на Стенфорд Бриџ завршува на крајот од оваа сезона, веќе не е дел од плановите на менаџерот на сините, Маурицио Сари. Тој преговарал со Милан, но за време на разговорите двете страни не постигнале договор, па оттаму „росонерите” повторно се заинтересираа Фабрегас.

Италијанските медиуми потврдуваат дека агентите на Кејхил го советувале да избере тим од Серија А, а Интер и Рома изразиле желба да го купат уште оваа зима.

Интер го има Андреа Ранокија како централен дефанзивец, а шпекулациите дека Жоао Миранда може да замине се зголемуваат.

Римјаните ќе се обидат да го „победат“ Интер за потписот на Кејхил, бидејќи се е поверојатно дека Маркано може да игра во Шпанија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.