Рома извојува минимална победа против Аталанта

Тами Абрахам во секој нареден натпревар покажува дека е најдобриот играч на Рома. Младиот Англичанец со голот во 32-та минута донесе победа на римската волчица над Аталанта во еден од најинтересните натпревари од 28-то коло.

Абрахам на осум средби сезонава е прв стрелец на натпреварите на кои игра Рома, а со тоа е лидер во најсилната италијанска лига, а пред него се наоѓа Џовани Симеоне кој брои до седум.

Со оваа победа Рома се вклучи во борбата за Лигата на шампионите и не очекува супер интересна завршница во Калчото. Покрај борбата за првото место меѓу Интер, Милан и Наполи кои имаат 58, односно 57 бодови, ќе биде интересно и за четврттото место.

Во моментов е Јувентус со 50, додека сега Рома и Аталанта имаат по 47, но тимот од Бергамо ќе има средба помалку од Јуве и Рома по комплетирањето на ова коло.