Рома конечно победи, кикс на Лацио, гостинска победа на Милан

ANSA/SIMONE VENEZIA

Во последниот неделен натпревар од третото коло на италијанското фудбалско првенство фудбалерите на Милан минимално славеа на гостувањето кај Верона.

Победничкиот гол за „Росонерите“ го постигна од пенал Кшиштоф Пјатек во 69 минута, иако гостите уште во 21 минута останаа без исклучениот Мариуш Степински. Милан со втората победа собра шест бодови е сега е седми, а Верона е 11-та со четири бодови.

По двете воведни ремија, фудбалерите на Рома конечно во неделата на својот „Олимпико“ славеа над Сасуоло. По само 33 минути игра Волчицата водеше со 4:0, а стрелци беа Брајан Кристанте во 12, Един Џеко во 19, Хенрик Мкхитаријан во 22 и Џастин Клајверт во 33 минута. Во продолжувањето Саусоало само бо ублажи поразот со головите на Доменико Берарди во 53 и 72 минута.

Рома е седма со пет бодови, додека Сасуоло е 12-ти со три бода.

По поразите во првите два кола, Калјари во неделата на гости кај Парма славеше со 3:1. Двоен стрелец во победничката екопа беше Лука Капители во 23 и 29 минута, а стрелец беше и Џовани Симеоне во 77 минута, додека за Парма погоди Антонио Бариља во 58 минута.

Калјари сега е 13-ти со три бода, а Парма истана на исто толку бодови и е две места подолу на табелата.

Лацио киксираше на гости кај СПАЛ иако поведе уште во 17 минута преку пеналот кој го реализираше Чиро Имобиле. Но во второто полувреме играчите на СПАЛ успеаја да направат пресврт. Андреа Петања во 63 минута погоди за 1:1, а победата на домашните ја донесе словенечкиот фудбалер Јасмин Куруч во втората минута од судиското продолжение.

СПАЛ со првата победа сезонава, по двата пораза дојде на 16-то место, а Лацио со четири бодови е деветти.

Иако Бреша по првотот полувреме имепе предност од 3:1, на крајот славеа гостите од Болоња со 4:3. Клучниот момент се склучи во 48 минута, кога Бреша остана со играч помалку, бидејќи играчот за врска Даниеле Десена го доби вториот жолт картон поради симулирање, а потоа следеше пресвртот.

Бреша поведе во 11 минута со голот на Алфредо Донарума кој го удвои водствот по само девет минути. Болоња во 37 минута намали преку Матиа Бани, но домашните со голот на Андреа Чистана во 43 минута повторно отидоа на „плус два“. Сепај по 48 минута играта на Бреша се распадна на гостите преку Родриго Паласио во 57 минута и автоголот на Стефано Сабели четири минути подоцна успеа да дојде до израмнување. Трите бода во Болоња ги однесе Рикардо Орселино со погодокот во 81 минута.

Болоња така моментално се искачи на второто место на табелата со 7 бодови, колку што има и третиот Јувентус, но четвртиот Торино има 6 бодови и меч помалку кој во понеделник на домашен терен ќе го игра со Лече. Бреша, пак, истана на три бода и е 14-та.

Беделната програма започна со средбата меѓу Џенова, за која Горан Пандев ги одигра последните десетина минут, и Аталанта, а славеа гостите со 2:1. Аталанта поведе со голот на Лиус Мириел од пенал во 65 минута, а неубедливата Џенова сепак успеа да израмни, исто така, од пенал во првата минута од судиското продолжение. Но по четири минути Дуван Запата ги фрли домашните играчи во очај со одличниот погодок.

Џенова е дестта со четири бодови, а Аталанта која првпат во својата историја лани се пласираше во Лигата на шампионите, повторно е високопласирана со 6 бодови на шестото место.

Во саботата актулениот шампион Јувентус одигра без голови на гостувањето кај засилената Фиорентина, Интер со 1:0 дома победи дома против Удинезе, а Наполи со 2:0 беше подобар од Сампдорија.