Рома минимално против Болоња

327

Фудбалерите на Рома во средбата од 11-то коло на италијанското фудбалско првенство како домаќин на стадионот „Олимпико“ ја совладаа Болоња со 1:0.

Голот кој на римската „волчица“ ѝ ги донесе трите бода го постигна Ел Шарави во 33 минута.

Петтата Рома има сега 24 бодови, еден помалку од градскиот ривал Лацио кој е четврти, а Болоња е 11-та со 14 бодови.

Претходно во саботата, во еден од најголемите дерби мечеви во италијанскиот фудбал, одигран во рамките на 11-то првенствено коло, актуелниот шампион Јувентус како гостин со 2:0 (1:0) го совлада Милан.

Двата гола на натпреварот ги постигна аргентинскиот напаѓач Гознало Игуаин со прецизни удари од работ на казнениот простор, првиот во 23 а вториот во 63 минута. Со овие два погодока, Игуаин дојде до 101 гол во Серија А, откако на Апенините се досели од Реал Мадрид.

Милан единствената сериозна шанса ја имаше во последната минута од првото полувреме, кога ударот на хрватскиот репрезентативец Никола Калиниќ од пет метри Џиџи Буфон успеа да го сврти во статувата.

Јувентус со оваа победа се изедначи со Наполи на врвот на табелата, и двата клуба имаат по 28 бодови, но наполитанците имаат и натпревар помалку, додека Милан е осми со 16 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.