Рома најде замена за повредениот Пероти

ANSA/ANGELO CARCONI

Крилниот напаѓач на Шакхтар, Тајсон се најде на мета на Рома, по новата тешка повреда на Диего Пероти.

Пероти претрпе сериозна повреда во првото коло од новата сезона во Серија А и се верува дека ќе паузира два месеци, па на Рома сега им треба засилување во нападот.

Тајсон одговара на профилот на играчот кој им треба на римјаните, а преговорите за потенцијален трансфер ги потврдија претставниците на Бразилецот во Шахтјор.

– Има интерес, а фактот дека Фонсека е во Рома помага. Имаше контакт, но работите сè уште не се дефинирани. Тоа ќе се случи оваа недела, изјави за LaRoma24 претставникот на Тајсон, Диего Дорнелс.

Тајсон пристигна во Шахтјор во 2013 година од Металист. Оттогаш за овој клуб настапил 242 пати, а постигнал 44 гола.