Рома назначи нов извршен директор

Рома официјално го назначи Гвидо Фиенга за нов извршен директор на клубот. Мауро Балдисони сега е потпретседател.

Фиенга е дел од Рома од 2013-та, а во последната година беше оперативен директор на клубот.

Гвидо ќе го поведе клубот во следната фаза од нашиот стратешки раст и развој, објасни претседателот Џејмс Палота.

Тој ќе биде одговорен за управувањето со секојдневните активности, но и за долгорочната визија на клубот со цел да бидеме поуспешни – и на теренот и надвор од него, вели Палота.

Балдисони беше промовиран од генерален менаџер во потпретседател. “Новата улога ќе му овозможи да биде повеќе фокусиран на големата слика. Поконкретно, да го спроведе проектот за Стадио дела Рома, кој е клучен за да му се овозможи на клубот да се натпреварува на највисоко ниво на теренот.