Рома нерешено со Интер, Лацио спаси бод кај фенерџијата Киево

Во дербото на 14-то коло на италијанското фудбалско првенство Рома и Интер на римски „Олимпико“ одиграа 2:2, додека последнопласираното Киево во Верона помалку од половина час го делеа од освојување на целиот плен против амбициониот Лацио.

Во Рим се одигра одличен натпревар во кој гостите двапати беа во водство со 1:0 и 2:1, но домашните двата пати го анулираа заостанувањето. Рома беше поблиску до првиот погодок, имаше неколку убави шански, а најдобата ја имаше Алесандро Флоренци кој во 26 минута ја погоди стативата. Казната стаса во 37 минута кога Кеита Балде по брз противнапад го доведен Интер во водство. Израмни Ченгиз Ундер во 51 минута со фантастичен удар од повеќе од 20 метри. Радоста на домашните не траеше долго, во 66 минута Мауро Икарди беше прецизен по нафрлување од корнер на Марио Брозовиќ. Но хрватскиот интернационалец се претвори во трагичар на мечот копга во 74 минута направи пенал играјќи со рака во својот шеснаесетник, а Александар Коларов најстрогата казна ја претвори во ново израмнување.

Интер моментално со 29 бодови го презема второто место од Наполи, кој има исто толку бодови а во понеделник гостува кај Аталанта. На врвот е Јувентус со 40 бодови. Рома, пак, по серијата лоши резултати се одржува на седмата позиција на табелата со 20 бодови.

Киево, кое првенството го стартуваше со три бода минус, поведе преку Пелисие во 25 минута, против фаворизираниот Лацио, кому бод му донесе Чиро Имобиле во 66 минута. Тимот од Верона, по бодот освоен на гости кај Наполи, се’ уште нема победа сезонава, но со петте ремија излезе од бодовниот минус и сега има два бода. Лацио останува на петтата позиција со 24 бодови, еден помалку од четвртиот Милан и три повеќе од шестопласираното Торино.

Џенова на македонскиот репрезентативен капитен Горан Пандев, ја продлабочи кризата со поразор од 1:2 кај Торино, што е седми натпревар во низа без победа. Гостите поведоа со голот на Кристијан Куаме во 36 минута, но Торино во судиското продолжение од првото полувреме израмнуи преку Кристијан Ансалди а потао во петтата минута од продолжението од пенал поведе преку Андреа Белот. Џенова од 28 минута играше со играч помалку, откако поради два жолти картона беше исклучен Ромуло. Торино е шести со 21 бод, еден повеќе од Рома која го следи, а Џенова веќе се спушти на 14-та позиција со 15 бодови, но со четири бода повеќе од местата кои носат во понизок ранг.

Фросиноне и Калјари одиграа 1:1. Домашните поведоа во 14 минута со голот на Франческо Касате, а изамни Диего Фариас во 77 минута. Фросиноне го освои осмиот бод и е на 19-то место, три бода помалку од 18-та Болоња, а Калјари е побезбеден со 16 бодови на 13-то место.

Сасуоло и Удинезе одиграа без голови, со што горе-долу останаа на истите позиции на табелата како и пред 14-то коло. Сасуоло е на 8-то место со 20 бодови, а Удинезе е 16-ти со 13 бодови.

Претходно во неделата Милан дома ја совлада Парма со 2:1. Гостите поведоа во 49 минута преки Инглезе Роберто, а потоа домаќините направија целосен пресврт со головите на Кутроне Патрик во 55 и Кеси Франк во 71 минута од пенал. Милан го мина лацио на 4-то место со 25 бодови, додека Парма падна на 9-то место со 20 бодови.