Рома од пред нос му го украде Бастос на Наполи

Иако до пред неколку часа важеше за најнова аквизиција на Наполи, бразилскиот интернационалец Мишел Бастос во последниот момент ја одбил понудата на “азурите” и ја прифатил таа на големиот ривал од Серија А, тимот на Рома.

Предводникот на римската “волчица”, Руди Гарсија потврди дека преговорите со најголемата ѕвезда во дресот на Ал Аин се во завршна фаза и крилниот напаѓач најверојатно ќе биде во комбинација за 1/4 финалниот натпревар од Купот на Италија против екипата на Јувентус.

“Не можам да кажам дека се е договорено, но можам да кажам дека преговорите се во завршна фаза. Заинтересиран сум за неговите услуги, мислам дека може да игра на повеќе позиции. Го следев и кога беше фудбалер на Лион, Шалке и Ал Аин. Моравме да ја искористиме оваа укажана шанса. Знам дека сака да се врати во Европа. Одличен фудбалер и прекрасна личност”, изјави Гарсија.