Рома оди во четвртфиналето на италијанскиот куп

16 January 2020. ANSA/BARACCHI-CAMPANINI

Фудбалерите на Рома со 2:0 беа подобри на гостувањето кај Парма во последнито осминафинален дуел од италијанскиот куп во четвртокот вечерта.

По првиот дел кој заврши без голови, „Волчицата“ на отворањето на второто полувреме во 49 минута успеа преку Пелегрини да дојде до предност. Истиот играч во 76 минута од пенал го осигури пласманот на римјаните во четвртфиналето на националниот куп.

Рома во четврфиналето ќе му гостува на Јувентус веќе на 22-ри јануари. Ден претходно својот дуел ќе ги играат Наполи и Лацио, Торино и Милан ќе се соочат на 28-ми јануари, а Интер и Фиорентина ќе играат на 29-ти јануари.