Рома победник во премиерното издание на Конференциската лига

May 25, 2022. (Photo by OZAN KOSE / AFP)

Фудбалерите на Рома станаа првите освојувачи на трофејот во нововостановеното континентално клупско натпреварување Конференциската лига, откако во финалето во Тирана во средата вечерта со 1:0 го сповладаа Феенорд, а стрелец на решавачкио погодок беше Николо Занети во 32 минута.

За Рома ова е првиот европски трофеј уште од 1961 година, кога го освои тогашниот Куп на саемските градови. Римската „Волчица“ има играно уште две европски финала, и во двете е поразена, во 1984 година во Купот на шампионите од Ливерпул и во 1991 година од Интер во финалето на тогашниот Куп на УЕФА.

До друга страна, Феенорд го доживеа првиот пораз во своето четврто европско финале. Холандскиот клуб во 1970 година го освои Купот на шампионите, а потоа и двапати Купот на УЕФА, во 1974 и во 2002 година.

Треба да се истакне и дека тренерот на Рома, португалскиот стретег Жозе Мурињо стана првиот тренер во историјата кој го освои сите три континентални клупски натпреварувања – Купот/ Лигата на шампионите, Купот на УЕФА/ Лига Европа и сега Конференциската лига.

Мурињо со Порто го освои Купот УЕФА во 2003 и Лигата на шампините во 2004 година, со милански Интер беше победник во Лигата на шампионите во 2010-та, додека со Манчестер Јунајтед побнеди во Лига Европа во 2017 година.

Рома во финалето влезе лошо, веќе во 15 минита остана без искусниот Хенрик Мктаријан кој мораше да го напушти теренот поради повреда. Ерменецот не играше од крајот на април кога во полуфиналето против Лестер Сити го повреди мускулот. Неизвесен беше и неговиот настап во финалето, но започна од првата минута а набрзо го заврши мечот.

По половина час претпазлива игра од двете страни, Рома повед од првата акција на мечот. Џанлука Манчини одлично нафрли, Гернот Траунер беше прекраток и топката дојде до Заниоло кој со врвот на копачката го „проби“ противничкиот Џастин Бијлов.

Но промената на резултатот не доведе и до промена во играта. Рома ги затвори цврсто приодите кон својот гол, а Феенорд и покрај поголемиот посед на топката беше немоќен Холанѓаните многу подобро го започнаа вториот дел и веќе во 47 минута можеа да израмнат. Тогап Оркун Кокчу изведе коренер, Траунер шитираше во рамката на голо, а во продолжението на акцијата одлично шутираше и Гис Тил, но Руи Патрисио успеа да одбрани. Само две минути подоцна опасен удар упати и Маласие, но Патрисио повторно одбрани скршнивајќи ја топката во стативата.

Во 62 минута опасно шутираше и Нелсон, но одбраната на Рома ја одби топката во коренер. Мурињо се обиде да го „крене“ тимот со две измени, во 67 минута влегоа во игра Спинаѕола и Верету, а излегоа Залевски и Заниоло. Верети само четири минути подоцна упати одличен шут, но овојпат Бијлов беше на место. Последната шанса на мечот ја имеше Феенорд во втората минута од судиското продолжение, кога Линсен не ја погоди топката во одлична позиција.