Рома победник во трката по Најголанд

Големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Рома, излезе како победник во трката по потписот на белгискиот интернационалец од редовите на Калјари, Раџа Најголанд.

Одличниот играч за врска веќе го потпиша понудениот три и пол годишенб договор, а во текот на утрешниоит ден и официјално ќе биде претставен пред најверните фанови на римската „волчица”.

За да ги осигураат услугите на 25-годишниот играч за врска, раководните лица на Рома мораа прво да испратат официјална понуда за шестмесечна позајмица вредна три милиони евра, а потоа на крајот од сезоната да го откупат неговиот договор за шест милиони евра.

„Од една страна сум многу среќен поради реализираниот трансфер. Ова е голем чекор во мојата кариера, но од друга страна сум многу тажен. Го напуштам местото каде што израснав, каде што станав важен фудбалер”, изјави Најголанд.