Рома подобра од демотивираниот Јувентус

Во дербито од 36-то коло на италијанското фудбалско првенство Рома на својот „Олимпико“ со 2:0 го победи Јунветус кој одамна ја обебедни осмата последователна титула.

Рома го реши натпреварот во последните минути од средбата, во 80 минута погоди Алесандро Флоренци а победата ја потврди Един Џеко во првата минута од судиското продолжение.

Јувентус е прв со 89 бодови, 12 повеќе од вториот Наполи кој со 2:1 како гостин го победи СПАЛ, додека Рома бодовно се израмни со Милан на петтото место со 62 бодиви. Бод повеќе но и меч помалку има четвртиот Интер кој во понеделник му е домаќин на одамна испаднатиот Киево.

Претходно во неделата Удинезе и Емполи остварија важни победи во борбата за опстанок. Удинезе го победи со 3:1 отпишаниот тим на Фросиноне, додека Емполи беше со 2:1 подобар од Сампдорија во Џенова.

Удинезе прашањето на победникот го реши во првите 45 минута преку Окака во 11 и 45 и Самир во 41 минута, а на конечните 3:1 намали Диониси во 85 минута.

Гостинскиот Емполи во Џенова поведе со 2:0 со головите на Фариас во 56 и Ди Лоренцо во 75 минуита, а поразот на Сампдорија го ублажи првиот стрелец на лигата Кваљарела од пенал во втората минута од судиското продолжение.

Удинезе сега е 16-ти на табелата со 37 бодови, еден повеќе од 17-та Џенова, а два повеќе од 18-то Емполи, кое и натаму се наоѓа во зоната на испаѓањето.

Торино се пресврт го совлада Сасуоло со 3:2 (1:1) и ги засили своите шанси следната сезона да игра во Европа. Гостите двапати водеа преку Бурабија во 27 и Лирола во 71 минута, но домашните дојдоа до трите бодови со двата гола на Белоти во 56 и 82 и на Заза во 81 минута.

Торино сега е пести со 60 бодови, два помалку од петтиот Милан кој со голот на Каланоглиу во 35 минута победи на гости кај Фиорентина, но еден повеќе од седмата Рома и два повеќе од осмиот Лацион.

Во понеделник играат Болоња – Парма и Интер – Киево.