Рома подобра од Милан, Лацио славеше во Фиренца

ANSA/RICCARDO ANTIMIANI

Фудбалерите на румските тимови остварија победи во дерби натпреварите од деветтото коло на италијанското првенство, Рома на својот „Олимпико“ со 2:1 го порази Милан, додека Лацио со истиот резултат во Фиренца ја победи Фиорентина.

Рома по четири последивателни меча без победник во сите натпреварувања конечно победи, додека кризата на Милан се продлабочува. Во двете кола под водството на новиот тренер Стефано Пиоли, „Росонерите“ освоија само бод.

Домаќинот поведе во 38 минута преку Един Џеко, а израмни Те Ернандез во 55 минута, но три минути подоцна Николо Заниоло повторно ја донесе Рома во водство што се покажа и како конечен резултат.

Рома сега е петта на табелата со 16 бодови, додека Милан потона на 12 место со десет бодови, три повеќе од опасната зона.

Во второто дерби на вечерта, Лацио поведе во 22 минута по одличниот противнапад кој го реализирапе Жоакин Кореа по асистенцијата на Чиро Имобилем. Но само пет минути подоцна Фиорентина израмни, ито така, од контранад, а стрелец бепе Федерико Киеза кому му асистираше Франк Рибери. Гостите до победата стасаа во 88 минута со голот на Имобиле, а во последните моменти од мечот Фелипе Каиседо не реализираше пенал за гостите, неговиот удар го одбрани Бартоломеј Драговски.

Лацио сега со 15 бодови е шест, а Фиорентина е деветта со 12 бодови.

Во претходно одиграниот меч Аталанта го „растури“ Удинезе со 7:1, иако резултатот можеше да биде и потрагичен за гостите од Удине, кој во првите осум кола постигна само шест голови, бидејќи во Бергамо домашните создадоа уште неколки одлични шанси, од кои некои одбрани голманот Хуан Мисо, а еднаш ја погодија и стативата.

Почетокот на мечот не навестуваше потоп на Удинезе, откако гостите поведоа во 11 минута со голот на Стефано Окако. Десет минути подоцна за домашните израмни Јосип Иличич. Можеби клучниот момент на мечот се случи во 33 минута кога Биколас Опоку направи пенал и притоа заработи црвен картон. Луис Муриел беше сигурен од белата точка постигнувајќи го првиот од своите три гола на овој меч, меѓу стрелците се впиша и во 48 и во 76 минута повторно од пенал. Иличил кон крајот на првиот дел го постигна својот втор гол вечерва, потоа во 52 минута погоди и Марио Пашалиќ а за 7:1 се погрижи Амад Траоре кон крајот на натпреварот.

Интересно е што токму Аталанта е еден од клубовите кои му го нанела најтешкиот пораз на Удинезе во историјата. Во сезоната 1931/32, во Серија Б, екипата од Бергано славеше со 7:0. Со идентичен резултат Удинее губел уште трипати, од Милан во 1959, од Фиорентина во 1959 и од Бари во 1931 година.

Аталанта се одржа на третото место со 20 бодови, два помалку од вторпласираниот Интер и три од водечкиот Јувентус, кои во саботата ремизираа. Удинезе, пак, е на 13-то место со десет бодови.

Екипата на претпоследниот СПАЛ го сопре Наполи одигрувајќи 1:1. Гостите поведоа во 9 минута преку Акрадиуш Милик, а израмни Јасмин Куртиќ во 16 минута. СПАЛ останува на 19-то место сега со седум бодови, а Наполи на четвртото место со 16 бодови.

Со идентичен резултат заврши и средбата меѓу Торино и Калјари. Нахитан Нандез ги довед гостите во водство во 40 минита, а израмни Симоне Заза во 69 минута. Торино е 11-ти со 11 бодови, а Калјари е седми со 15 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.