Рома се качува кон врвот, Наполи тоне

21
ANSA / CESARE ABBATE

Фудбалерите на Рома се искачија на четвртото место во Серија А, откако во неделата во дуелот во рамките на 14-то коло на италијанското првенство на гости ја совлада Верона, додека Наполи доживеа незгоден домашен пораз од Болоња.

Римската „Волчица“ дојде во водство во 18 минута со погодокот на Џастин Калјвер, но само по четири минути донашени израмнија преку Давиде Фараони. Сепак, Рома на одмор отиде со гол предност откако Дието Пероти реализираше пенал во последната минута од првото полувреме. Во самиот финиш на мечот Хенрик Мкитаријан ја потврди победата на гостите.

Рома сега е четврта со 28 бодови, два помалки од третопласираниот градски ривал Лацио, но веќе со три бода предност пред Аталанта и Калјари кои ѝ го загрозуваат последното место кое обезбедува учество во Лигата на шамионите следната сезона.

По денешниот кикс на бранителот на титулата Јувентус кој дома одигра 2:2 со Сасуоло и дојде само до 36 бода, врвот на Серија А го презема Интер кој дома со 2:1 го совлада СПАЛ.

Во претходниот меч од неделната програма Наполи, за кој еден час одигра македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, ја продлабочи кризата со домашниот пораз од Болоња со 1:2. Наполитанците немаат забележано првенствена победа уште од 19-ти октомври.

Наполи поведе со голот на Фернандо Љоренте во 42 минута и на полувреме отиде со предност. Но во вториот дел во 59 минута Андрес Сков Олсен израмни за гостите, а трите бодови заминаа во Болоња кога Никола Сансоне ја погоди домашната мрежа во 81 минута.

Наполи сега е седми со 20 бодови, а Болоња со победата се искачи на 12-та позиција со 16 бодови.

Во понеделник колото ќе го комплетираат Калјари и Самдпорија.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.