Рома во драма на „Олимпико“ до врвот на Серија А

31

Фудбалерите на Рома во последнито неделен дуел од третото коло на италијанското првенство како домаќини во драматичната завршница го совладаа Сасуоло со 2:1, и дојдоа на врвот на табелата.

Во првото полуврме „Волчицата“ поведе со погодокот на Брајан Кританте во 37 минута по луцидното проигрување на Пелегрини. Сасуоло возврати на почетокот од вториот дел кога во 57 минута кога Филип Џуричиќ поентираше по фантастичната пирует и асистенција од Берарди.

Потоа двата тима пропуштија низа одлични шанси за водство, гостите имаа се чини и поздрели и една статива, а во првата минута од судиското продолжението Ел Шарави со пласирана топка од 15-ина метри откосо пласираше неодбранливо во самиот агол од гостинскиот погодок. Студен туш доживеа „Олимпико“ но погодокот на Сасуоло беше поништен поради недозволена позиција.

Рома остана со максимален ефект од девет бодови, коков што остварија и Милан и Наполи, додека Саусоло е 9-ти со четири бодови.

Претходно во дербито на колото Милан беше сигурен против Лацио и го совлада со 2:0. Во 45 минута Анте Ребниќ одигра двојно додавање со стрелецот Рафаел Леао кој поентираше непречен од десетина метри. Во 66 минута Тонали со долга топка го исфрли Ребиќ на левото клиро, овој се спушти кон шеснаесетникот и ја сврти на петерецот каде во трк ја закова Златан Ибрахимовиќ.

Милан се израмни тогаш со Наполи кој во саботата дома го совлада Јувентус, а Лацио е шести со шест бодови.

Актуелниот италијански шампион Интер ги испушти првите бодови сезонава, одигрувајќи 2:2 на гостувањето кај Сампдорија во Џенова.

Интер водеше со 1:0 и 2:1, а „Нераѕурите“ првпат во доство со фантатичен слободен удар од 20-ина метри ги доведе во 18 минута Федерико Димарко, а вторпат предноста ја донесе Лаутаро Мартинез во 44 минута. Домашните првиот пат израмнија во 33 минута со голот на Маја Јошида, а вториотпат на почетокот од вториот дел во 47 минута прекуи Томасо Аугељо. Во 51 минута Интер пропушти колосална шанса кога Един Џеко на втората статива не успеа да ја стаса топката која профуче крај статувата.

Интер заостанува зад водечкото трио за два бода, колку што има и петтото Удинезе, а за Сапдорија ова беше второто реми и вториот бод со кој е на 15-ти место.

Џенова оствари со голем пресврт гостинска победа со 3:2 кај Калјари. Домашните поведоа во 16 минута од пеналот што го реализираше Жоао Педро а во 56 минута водството го удвои Лука Капители. Во 60 минута од игра излезе кај гостите македонскиот ветеран Горан Пандев, а веќе во следниот напад Матија Дестро со глава ја изненади одбраната на Калјари. И во 69 и во 78 минута домашната одбрана беше натскокана, и во двата случаи од Мохамед Салим Фарес.

По двата воведни пораза ова беше првата победа за Џенова сезонава, и со трите бода е на 13-то место, додека Калјари со само еден бод е 17-ти.

Торино убедливо со 4:0 на домашен терен ја совлада Салернитана. Стрелци беа Антонио Санабрија во 45, Глејсон Бремер во 65, Томасо Побега во 87 и Саша Лукиќ во 90 минута.

И за Торино ова беше првата победа во новата сезона но бидејќи во првите две кола доживеа минимални порази со три бода е на 11-то место, додека новакот Салернитана заедно со Верона која во рамките на ова коло во понеделник гостува кај Болоња е на дното без бодови.

Удинезе со погодокот во самиот финиш, во 89 минута на Лазар Самарџиќ славеше на гостувањето кај Специја. Тимот од Удине се искачи на петтата позиција, а специја со еден бод е 18-та.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.