Романците – најрелигиозен народ во Европската Унија

Религијата е помалку важна за Европејците, во споредба со луѓето во Африка, Латинска Америка или САД, е заклучокот на истражување, цитирано од агенцијата ДПА.

Во исто време, истражувањето спроведена од страна на Институтот „Пју“ покажува и дека постојат огромни разлики помеѓу населенијата во земјите во Европа.

Најрелигиозни на Стариот континент се Романците. 55 проценти од испитаниците во Романија се идентификувале како високо религиозни.

На другиот крај се Естонците (само 7 проценти), Чесите и Данците (по 8%). Само 12% од Германците одговориле дека се високо религиозни, а процентот на овие луѓе во Италија изнесува 27.

Германците се покажаа и како најголеми скептици во однос на постоењето на Бога – само 10% од нив се „апсолутно сигурни“ дека Бог постои. Ерменците со спротивен став – 79 проценти веруваат дека Бог постои, исто како и Босанците (73 проценти).

Најмногу верници кои одат во црква се Полјаците. 61% од испитаниците од Полска велат дека присуствуваат на црковните литургии барем еднаш месечно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.