Романците „против“ имунитетот на пратениците во истрагата за корупција

19

Стотици Романци протестираа во Букурешт против законот што им дава имунитет на пратениците при истрага за корупција. Според овој закон, член на парламентот не може да биде предмет на истрага под обвинение за корупција , злоупотреба на моќ или конфликт на интереси поради промена во нивниот статус.

Промените кои беа донесени рекордно брзо и по кратки дебати, предизвикаа остри критики од страна на претседателот на државата, опозициските политичари, продемократските групи и западни дипломати.

Парламентот закажа за оваа недела гласање на закон за амнестија, што ќе им овозможи на политичарите осудени за корупција да избегнат казна затвор. Сепак овој закон може да биде повлечен поради критиките од страна на граѓанското општество.

Околу 600 лица се собрале во центарот на Букурешт за да протестираат против предлозите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.