Романец осомничен за убиството на Маринова

Романец со молдавски пасош е осмничен за убистото на новинарката Викторија Маринова, кога бугарската полиција го привела на разговор,  пренесува Ројтерс повикувајќи се на извори блиски до истрагата.

Можеме да кажеме дека осомничениот е приведен, рекол изворот несакајќи да открива повеќе детали.

Медиумите во регионот излегоа со дополнителна информација, презентирана на бугарското радио, во која неофицијално се вели дека уапсеното лице е државјанин на Романија. Тој имал и пасош на Молдавија.

Маринова (30) била брутално претепана, силувана и задавена во саботата во бугарскиот град Русе, а нејзиното тело е пронајдено во парк недалеку од реката.

Маринова беше уредник на бугарската телевизија ТВН и известувала за истрага за наводна корупција поврзана со фондовите на ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.