Романија: Триесетдневен притвор за инфлуенсерот Ендрју Тејт

Романски суд го продолжи во петокот за 30 дена притворот за инфлуенсерот Ендрју Тејт поради сомневања за негова вмешаност во трговија со луѓе, силување и здружување во криминална група.

Поранешниот кикбоксер а денес еден од најпознатите инфлуенсери на светот, Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан беа притворени во четвртокот на 24 часа заедно со уште две романски државјанки по претрес на нивна недвижнина во Букурешт. Во петокот Државното обвинителство побара продолжување на викендот.

Коментирајќи ја одлуката на судот, Константите Видинеац, адвокат на Ендрју Тејт изјави „Од наша перспектива, нема основа… за таква драстична превентивна мерка“.

Државното обвинителство наведува дека браќата Тејт се под истрага од април годинава.

„Четворицата осомничени… се чини дека основале организирана злосторничка група за врбување, сместување и експлоатирање жени кои го присилуваат на создавање порнографска содржина наменета за специјализирани платени портали“, се наведува во писмената изјава од четвртокот.

Преку таквата организирана активност „заработиле големи суми“, се додава. Се наведува и дека биле најдени шест жени кои осомничените сексуално ги експлоатирале.

Тејт, кој е роден во САД, има американски и британско државјанство. Американскиот Стејт департмент потврди дека е запознаен со случајот, а британското министерство за надворешни работи засега не добило барање за укажување конзуларна помош.

Тејт стана познат по предизвикување на јавноста со мизогини коментари и говорот на омраза на социјалните мрежи. Според неговите тврдења жените носат дел од вината ако се силувани и всушност тие им припаѓаат на мажите.

На социјалните мрежи Тејт промовираше ултрамашксот и луксузен животен стил и со таква содржина привлекуваше широка публика, главно млади маж. Во видео-снимките често се појавуваше во скапоцени спортски автомобили, приватни авиони и на егзотични дестинации.

Интересно, на социјалните платформи им требаше многу време да ги забранат неговите објави, но неговиот акаунт на Twitter повторни стана активен во ноември, кога Илон Маск ја купи платформата и во согласност со своите политики ги деблокираше сите профили.

Во еден од своите твитови, веднаш откако му беше деблокиран профилот, Тејт напиша дека лета во Калифорнија за да му каже на Маск „ти си легенда“,

Извиканата климатска активистка Грета Тунберг претходно седмицава пред да биде уапсен на Тејт му одговори алудирајќи токму околу неговата проблематична машкост која го тера да се докажува откако ја провоцирал со изјавата дека посерува 33 автомобили со „големи емисии“ на штетни гасови. Тејт во средата продолжил со провокациите со нарачка на пица и пораката дека лицето кое ќе ја донесе треба „добро да внимава да не биде рециклирана“.

На мрежите се шпекулира дека токму марката пица ѝ помогнал на полицијата да му влеза во трагата, што полицијата го демантираше но Тунберг на Twitter му напиша „Ете што се случува кога не ги рециклираш кутиите за пица“.
Тејт е поранешен учесник на британското риалити шоу „Big Brother“ и ја води организацијата „Hustler’s University, којашто наводно има повеќе од 160.000 корисници кои плаќаат да научат работење со криптовалути, за вложување и бизнис.