Романија, Грција и Бугарија ќе им се обратат на Макрон и Меркел за Србија

Премиерите на Романија, Бугарија и Грција ќе испратат заедничко писмо на германската канцеларка Ангела Меркел и на францускиот претседател Емануел Макрон, со кое на Србија ќе и дадат поддршка кон европскиот пат, синоќа во Букурешт на новинарите им го пренесе српскиот претседател Александар Вучиќ, по состанокот на балканската четворка.

Изрази задоволство од фактот дека Србија и тие три земји, сите членки на ЕУ, тесно соработуваат, а зад соседите на Србија стои огромна територија со голем број жители.„

„Вишеградската група е поголема и поважна од нас, но, ова може да биде, како што рече Алексис Ципрас-Б 4. Ние во група, заедно, сме многу посилни, отколку поединечно, а нашиот глас се слуша се подалеку и посилно. Мислам дека тоа секој добро го разбира“, рече Вучиќ.