Романија поблиску до референдумoт за забрана на еднополовите бракови

Романија во вторникот се приближи на чекор до забраната на еднополовите бракови, откако горниот дом на парламентот со уверливо мнозинство од 107 наспроти 13 ја поддржа уставната примена на дефиницијата на бракот.

Текстотот од романскиот устав е родово неутрален по прашањето на бракот, односно бракот се дефинира како заедница на „сопружници“. Меѓутоа, граѓанските активисти сега сакаат промена, според којашто бракот би се дефинирал како заедница на мажот и жената.

Горниот дом на парламентот со убедливо мнозинство ја поддржа уставната промена во вторникот, откако предлогот го прифати долниот дом на парламент, а во двата доминираат социјалдемократите.

Се очекува дека Уставниот суд ќе ја одобри промената, по што за прашањето би се гласало на референдум. Референдумот, пак, веројатно ќе се одржи на 7-ми октомври, според повеќето пратеници од владејчката партија.

Според романскиот закон, Уставот на земјата може да се промени по предлог на шефот на државата, на владата, една четвртина од сите пратеници или на најмалку 500.000 граѓани во земјата со 20-милионско население.

Доколку референдумот ја одобри промената, во иднина ќе биде исклучена можноста од склучување еднополови бракови во Романија. Оваа промена има широка поддршка меѓу конзервативните политичари и религиските кругови, доминантната православна црква и римокатоличката и грко-католичка деноминација. Здружието „Коалиција за семејство“ го покрена предлогот, обезбедувајќи потписи од три милиони граѓани од Романија.

Граѓанскиот кодекс на правила за граѓанските  односи во Романија веќе забранува граѓанско партнерство на лица од ист пол. Бракот меѓу лица од ист пол е легален или ќе биде наскоро легален во половина од 28-те земји на Европската унија, а некои признаваат граѓанско партнерство од ист пол.

Против овој потег се протстира ЛГТБ заедницата и групи за човекови права на локално и на меѓународно ниво, како и десетици пратеници на Европскиот парламент, кои стравуваат од „ерозија на демократските права“  во Романија. Во јуни годинава, Европскиот суд на правдата пресуди дека државите членки на ЕУ кои не ги легализирале хомосексуалните бракови, мора да донесат прописи за еднополовите бракови еквивалентни за хетерогените заедници.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.