2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Романките добиваат бесплатна психолошка помош по породувањето

Романските пратеници одобри нацрт-закон со којшто жените ќе добијат право на бесплатно психолошко советување по породувањето, откако досега тоа им беше достапно само додека се в болница.

Иницијаторите на законот, претставници од опозицијата, сметаат дека сегашниот систем е недоволен, бидејќи во месеците по раѓањето на детето се случуваат големи емоционални и психолошки предизвици. Согласност за предлог-законот дадоа и мнозинството парламентарни партии, а според новиот закон, жените ќе можат да побараат и добијат помош во месеците по породувањето.

„Многу мајки во себе страдаат од постпородилна депресија, а не можат да си дозволат терапија. Менталното здравје на мајката е исто толку важно како и физичкото здравје, а страдањето може да се надмине само ако престанеме да го игнорираме проблемот“, рече Филип Хаварнеану, автор на предлог-законот.

Според Светската здравствена организација (СЗО – WHO), 13 отсто од мајките страдаат од постпородилна депресија.

Неодамнешна статистика на меѓународната организација за заптиа на децата „Спасете ги децата“ (Save the Children) за Романија откри дека речиси половина од мајките помлади од 15 години во Европската унија се од Романија.