Романската влада го преживеа гласањето за недоверба

Романскиот парламент ја отфрли во вторникот со гласање барањето недоверба за владата на премиерката Виорица Данчила поднесено од неколку опозициски партии.

„За“ недоверба на владата гласаа 200 пратеници, а беа потребни 233. Седуммина народни избраници гласаа „против“ и тројца беа „воздржани“.

„Гласањето за недоверба не ги собра потребните гласови, за да биде прифатено“, изјави претседателот на парламентот Марчел Чолаку од владејачката Социјалистичка партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.