Романски министер поднесе оставка откако Романките ги нарече „курви“

Романскиот министер за сообраќај Јоан Рус поднесе оставка откако со својата изјава ги навреди Романките чии сопрузи работат во странство, нарекувајќи ги „курви“.

Премиерот Виктор Понта ја прифати оставката на Рус. Министерот во интервју за телевизија рече дека три милиони Романци кои работат во странство испраќаат пари дома на сопругите кои се „курви“ за да издржуваат деца кои „не се за ништо“.