Романскиот авион Ц-27 Спартан почна да гасне во беровско, има капацитет од 6 тони вода

Авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство, кој е специјализиран за гаснење пожари и има капацитет од дејствување со 6 тони вода врз пожарите, пристигна во земјава и може веднаш да започне со операција за гаснење на пожари. Авионот ќе дејствува во беровскиот регион, информира Министерството за одбрана.

– Наскоро се очекува да пристигне уште еден романски авион кој ќе донесе контејнери и дополнителна придружна опрема во поддршка на справувањето со пожарите. Поддршката од нашиот НАТО сојузник, Романија, во справувањето со огнените стихии дојде, по барањето на министерката Шекеринска до нејзиниот романски колега, Николае Јонел Чука за итна помош во справувањето со пожарите – велат од МО.