Романскиот филм „Неуспешен секс или безумно порно“ победник на Берлиналето

Кадар од романскиот филм „Неуспешен секс или безумно порно“

Романскиот филм „Неуспешен секс или безумно порно“ е победник на 71-то изадание на филмскиот фестивал во Берлин, соопштија во петокот организаторите.

Оваа година во жирито беа вклучени претходни лауреати на Златната меќка, меѓу кои и режисерите Мохамед Расулоф, Навад Лапид, Адина Пинтилие, Илдико Енеди, Џанфранко Ропзи и Јасмила Жбанич.

Стручното жири на Берлиналето во образложението наведува дека филмот на романскиот режисер Раду Жуде дава сатиричен поглед на системот на вредности во современото општество. Добитниот на Златниот лав на естетски невообичаен начин ги тематизира проблемите на една учителка кои искрснуваат откако на интернет се појавила приватна еротска снимка на којашто таа се појавува со нејзиниот сопруг, образложува жирито.

Големата награда на жирито ја освои јапонскиот филм „Тркала на среќата и фантазијата“ на режисерот Рјусуке Хаматучи. Хамагучи се прослави со неговиот петчасовен филм „Среќниот час“ во 2015 година, а три години подоцна учествуваше и во главната конкуренција на Канскиот фестивал со филот „Асако 1 и 2“. Неговиот нов филм „Тркала на среќата и фантазијата“ раскажува три приказни за две жени.

Наградата за најдобро сценарио му припадна на црно-белиот филм „Вовед“ на јужнокорејскиот режисер Хон Санг-су. Филмот е поделен на три новели, првата раскажува за неуспешната средба на синот и таткото, втората за преселба на студент во Германија и негова неочекувана средба со млад маж, а третата за односот на главниот со разни членови на неговото семејство. Хон во 2020 година во главната програма на Берлиналето се претстави со филнот „Жената којашто избега“, кога ја доби Сребрената мечка за најдобра режија.

Во селекцијата Encounters главната награда му припадна на филмот „Ние“ на францускиот режисер Елис Диоп. Филмот ја доби наградата како „дело коешто демонстрира вистинска суптилност и чувствителност при создавање на колективниот потрет, богат со смисла, значења, нијанси и преплетена од искуство“, образложи жирито.

Селекцијата Encounters по вторпат беше презентирана на Берлиналето. Во неа беа селектирани 12 филови кои може се сметаа за нов глас во кинематографијата. Претходно уметничкиот директор на фестивалот, Карло Шатријан, рече дека секој од селектираните филмови претставува своевидно филмско откритие.

Признаението за најдобар режисер во оваа категорија беше поделено меѓу Канаѓанецот Денис Котер кој на Берлиналето се претстави со филмот „Социјална хигиена“ и на Рамон Цирхер авторот на „Девојчето и пајакот“. Специјалната нграда на жирито му беше доделена на филмот „Вкус“ во режија на Ле Бао, за нигериски фудбалер кој останал без работа и го бара своето место во светот.

Сребрената мечка му припадна на унгарскиот режисер Денес Наѓи за остварувањето „Природна светлина“.

Наградата на жирито доби и филмот „Мистер Бахман и неговиот клас“ на Германката Марија Шпет.

Филмот раскажува за сложените односи меѓу наставниците и средношколците во геранско провинциско училиште. Повеќето од учениците се родени во странски семејства и не сите добро го владеат германскиот јазик. Дитер Бахмна ги учи адолесцентите да ги надминуваат конфликтите, им го поттикнува чувството на правичноста и критичко размислување. Марија Шпет и снимателот Рајнхолд Форпшнејдер ги следеле наставникот и неговите ученици во текот на цела една години, снимајќи сѐ што се случува во училницата.

Сребребната мечка за најдобра женска улога ја доби германската актерка Марен Егарт за ролјата во филмот „Јас сум твојот човек“ на германската режисерка Марија Шредер. Оваа категорија беше воведена пред една година, и ја замени претходната поделбат на машки и женски улоги. Наградата за најдобра споредна ролја ја доби Унгарката Лила Кицлингер за улогата во филот „Шума – те гледам насекаде“.

Годинешното Берлинале поради пандемијата на коронавирусот е поделен во два дела: првиот дел, кој траеше од 1-ви до 5-ти март, беше резервиран за стручната публика која преку онлајн платформа ги гледаше селектираните филмови. Во второт дел од фестивалот, кој треба а се одржи од 9-ти до 20-ти јуни, изборот на филмовите треба да биде прикажан на поширокиот аудиториум кога треба да бидат врачени и наградите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.