Романските социјалдемократи сега предлагаат два кандидата за комесари во ЕК

25

Романските социјалдемократи ја предложија по европарламентарецот Дан Никa за должноста комесар во Европската комисија уште и заменичката министер за надворешни работи Меланија-Габриела Цот, пренесува телевизијата Digi24 повикувајќи се на извор од партијата.

Телевизискиот канал Digi24 извести дека влсдејачката романска партија има два кандидата за местото комесар во Европската комисија, откако дипломатски извори за телевизијата рекле дека Брисел сака за кандидати да предложат маж и жена.

Комисијата за правни работи на Европскиот парламент во понеделникот ги сопре кандидатурите за двајца комесари од Унгарија и од Романија, и заклучи дека не биле соодветни за службата за која се предолжени, соопштија од парламентот.

Романската социјадлемократка Рована Плумб, која беше првиот избор на премиерката Виорица Данчила за местото комесар за сообраќај, и унгарскиот кандидат Ласло Трошчањи за комесар за проширување, Комисијата за правни работи на Европскиот парламент ги одби поради судир на интереси.

Сослушувањата на предложените комесари во новата ЕК на Урсула фон дер Лејен во Европскиот парламент започнаа во понеделникот и ќе траат до следниот вторник 8-ми октомври. Секој кандидат за комесар во Европската комисија три часа одговара на прашањата на европратениците и ја докажува својата професионална компетенција. По сослушувањето, координаторите на пратеничките групи по комисиите во ЕП се среќаваат во рок од 24 часа, односно без одложување, за да донесат оцена за претставувањата на кандидатите за комесари.

Врз основа на препораките на парламентарните комисии, Конференцијата на претседателите на 17-ти октомври ќе одлучи дали парламентот добил доволно информации за да го заклучи процесот на сослушувања, а доколку процени дека тоа е случај, Европскиот парламент на пленарната седница на 23-ти октомври во Стразбур ќе гласа за Европската комисија во целина.

Во понеделникот пред парламентарните комисии беа сослушани Словакот Марош Шефчович, Ирецот Фил Хоган и Бугарката Марија Иванова Габриел кои веќе работеа во составот на ЕК во заминување водена од Жан-Клод Јункер. Во вторникот на распоредот беа сослушувањата на Николас Шмит од Луксембург, Јуте Урпоипаинене од Финска, Полјакот Јануш Војчеховски, Швеѓанката Илве Јохансон и Стела Киријадиес од Кипар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.