Романтична љубов – зависност која ни дава крилја и не’ расцветува

Кога велиме зависност сите веднаш помислуваат на нешто лошо: дрога, алкохол, цигари. А знаеме дека постојат и зависности кои не ги препознаваме веднаш како нешто лошо, на пример, оние за чоколадо или кафе, а се споменува љубов во тој контекст може да предизвика само смеење. Но, некои се склони дури и љубовта, особено онаа романтичната, да ја прогласат за некој вид на зависност. Кога ќе погледнеме малку во нејзините симптоми, исчезнуваат многу сомнежи во тоа тврдење: непрекинато мислиме на сакана личноста и планираме дружења само со неа, а се’ останато е потиснато на страна.

Едни сметаат дека таквата опседнатост со парнерот е лошо бидејќи им го одзема вниманието од се’ друго и сите останати во нивниот живот, а други сметаат дека токму тоа на партнерите им носи напредок и расцут. Вие `сте за првото или второто мислење, зависи, како од личности и од тоа колку дозволувате чувствата да ве водат. Некој не може поинаку освен целосно да се поврзе со својот партнер, најважната личност во животот, додека други ќе настојуваат да ги задржат сите свои навики, дружења и пријатели и во врската.

Некој еднаш рекол дека љубота е како дрога под чие влијание не внимаваш за нејзините долготрајни последици туку само за тоа колку висок може да не’ крене. И доминантен е ставот во историјата дека љубовта е некој вид болест или зависност, од која треба да се ослободите.

Опседнатоста со друг човек не е добра ако не вклучува личен расцут и напредок. Тоа е клучно во љубовниот однос и ако тој дел го нема, туку само оној дел што го нарушува животниот ритам, тогаш и не станува збор за љубов. Така, опседнатоста со некој друг не е добра акко не вклучува личен расцут, ослободување на потенцијалите и ширење на личните можности. Некои научници, како Карол Руф, дури ја поврзуваат таа состојба со подобрување на работата на имунитетот, подобар сон и побрзо опоравување од напор и болест. Тоа за некои експерти е доволно здравата љубовна „зависност“ да ја прогласат за лековите. Психолозите објаснуваат дека двоумење создава само прашањето колку длабок однос сакаме да оствариме со партнерот.

Имено, ако во име на задржување на „својата независност“ бегат од подлабоко поврзување со партнерот ќе ја изгубите можноста со различни активности кои ве поврзуваат со неа/него да процветате. А, ефектите од тоа не се ни малку краткотрајни, туку, се поттикнати од добри одлуки кои се протегаат низ цел живот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.