Ромуло е најновата желба на Брендон Роџерс

Откако ја загуби трката по потписот на египетскиот интернационалец од редовите на Базел, Мохамед Салах кој во следните неколку дена ќе биде претставен како најнова аквизиција на Челзи, менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс своето внимание го насочи кон бразилскиот интернационалец од редовите на Спартак (М), Ромуло.

Англиските медиуми потврдија дека челниците на Ливерпул пред неколку часа испратиле официјална понуда за одличниот играч за врска вредна околу седум милиони фунти што е за три милиони фунти помала од таа што ја очекуваат раководните лица на рускиот прволигаш.

Доколку се пресели на „Енфилд”, Ромуло ќе има за задача прво да го замени својот сонародник Лукас Леива кој се повреди на последниот првенствен натпревар против Астон Вила и нема да биде во комбинација за настап во следните четри недели.