Роналдињо и Сушиќ еден до друг пред „Паркот на принцовите“

Ѕид со мурали од 11-те најголемите ѕвезди во историјата на ПСЖ стои пред стадионот „Парк на принцови“ во Париз, а меѓу нив е и Сафет Сушиќ, чиј лик е сместен веднаш до Роналдињо.

Најдобриот босански фудбалер на сите времиња, дресот на ПСЖ го носеше од 1982 до 1991 година, одигра 287 меча, даде над 60 гола, остави длабока трага кај париските „светци“, и заслужено си најде место на „ѕидот на легендите“.

Освен Сушиќ и Роналдињо, меѓу најдобрите што некогаш играле за ПСЖ се и Ибрахимовиќ, Паулета, голманот Лама, Жинола, Раи, Веа, Дољани, Далеб и Пилорже.