Роналдињо е новиот партнер на Анелка

Бразилскиот прволигаш Атлетико (М) ќе биде најновиот клуб на францускиот ветеран, Николас Анелка, кој пред неколку дена и официјално ја прекина соработката со англискиот премиерлигаш ВБА.

Иако има 35-години, Анелка во својата кариера има играно за 11 различни клубови, а на неговото обештетување се потрошени околу 130 мил. евра.

Во новиот клуб, Анелка ќе соработува и со легендарниот репрезентативец на Бразил, Роналдињо.
Во својата богата клупска кариера, поранешниот репрезентативец на Франција го има носено дресот на Арсенал, Челзи, Манчестер Сити, Болтон, ПСЖ, Фенербахче, Реал (М), Шангај Гренланд, Ливерпул, ВБА и Јувентус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.