Роналдо блиску до трансфер во Челзи

Челзи ја подготвува првата официјална понуда за ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо.

Според медиумите на Островот, „сините“ се спремни да понудат 14 милиони фунти за Роналдо, кој инсистира да го напушти „Олд Трафорд“.

37-годишниот Роналдо има договор со „црвените ѓаволи“, но сака да се пресели во клуб каде ќе може да игра во Лигата на шампиони.

Минатиот месец новиот сопственик на Челзи, Тод Боели имал средба со агентот на Роналдо, Жорге Мендеш и сега „сините“ спремаат понуда.

Манчестер Јунајтед нема да му стои на патот и е спремен да го пушти Роналдо, но сака да си ги врати парите кои минатото лето ги плати за него, односно 17 милиони фунти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.