Роналдо дебитираше во првенството на Саудиска Арабија

Капитенот на португалската селекција Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на светот, дебитираше во неделата во првенство на Саудиска Арабија и го одигра сите 90 минути за својот нов клуб Ал Наср.

Во 14-то коло од саудиското првенство, Ал Наср пред своите навивачи со минимални 1:0 го победи Ал Итифак. Ал Наср немаше поголеми проблеми со клубот кој котира на средината од табелата, а погодокот за трите бода го постигна во 31 минута, одличниот 28-годишен бразилски играч Талиска, кој по настапите за Бенфика и Бешикташ реши да се пресели на помалку афирмираните фудбалски терени, со години играјќи за кинески Гуанжу а сега втора сезона настапува за Ал Наср.

Роналдо капитенски ги поведе Ал Наср во натпреварот. Се трудеше, имаше неколку шанси за гол, но пречесто делуваше осамено во нападот и саудиската премиера не успеа да ја круниса со погодок.

На табелата на саудиското првенство Ал Наср е водечки со 33 бодови, додека бод помалку има поафирмираниот клуб Ал Хилал, а два од третиот Ал Итихад.