Роналдо договорил двегодишна соработка со Јунајтед

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, кој во петокот дефинитивно го напушти италијанскиот великан Јувентус, извршил во понеделникот лекарски преглед во Лисабон и ги договорил личните услови од двегодишниот договор со Манчестер јунајтед, објавија британските медиуми.

Манчестерските „Црвени ѓаволи“, за кои сега 36-годишниот Роналдо играше од 2003 до 2009 година, во петокот објавија дека Португалецот се враќа на „Олд Трафорд“ и оти од формалното потпишување на договорот го деле лекарски преглед и договор за личните Муслови.

Меѓутоа, од Јунајтед во понеделникот сѐ уште не потврдиле дека Роналдо го потпишал договорот.

Според медиумите, станува збор за двегодишен договор со клаузула за продолжување за уште една година. Се шпекулира и дека неделната плата на Роналдо ќе изнесува 480.000 фунти, што ќе го направи најплатениот играч во англиската Премиер лига.

Британските медиуми шпекулираат дека врадноста на трансферот на Роналдо од Јувентус во Манчестер Јунајтед изнесува 15 милиони евра а може да се зголеми за уште осум во зависност од бонусите.

Роналдо би можел да го има своето второ деби за Јунајтед на 11-ти септември против Њукасл на „Олд Трафорд“.