Роналдо донираше медицинска опрема за болници во Португалија

Фудбалската суперѕвезда, португалскиот напаѓачот Кристијано Роналдо заедно со својот менаџер Хорхе Мендез донираше големо количество медицинска опрема за болниците во Лисабон и Порто за борба против коронавирусот.

И Роналдо и Мендез во лисабонската болница „Санта Клара“ донираа по десет болнички кревети опремени со респиратори, ЕКГ монитори, инфузиски пумпи и инјекции, додека болницата „Санта Антонио“ во Порто доби донација од 15 кревети за интензивна нега, респиратори, ЕКГ монитори и друга опрема.

Медиумите во Португалија претходно објавија дека вкупниот износ на донацијата изнесува милион евра во медицинска опрема.

Досега во Португалија се потведени 2.362 случаи на зараза со коронавирусот, а 33 лица починале.

Португалскиот премиер Антонио Кошта изјави дека јавните биолници имаа 1.142 респиратори, додека приватните клиники имаат уште 250.