Роналдо е првиот играч на Јувентус од 2005 година кој постигна гол на седум последователни средби

Кристијано Роналдо, творецот на победата (2:1) на Јувентус на синоќешниот дуел со Парма, е првиот играч на „Старата дама“ од 2005  година наваму, кој постигнал гол на седум натпревари во низа.

За 34-годишниот Португалец, првиот од двата гола против Парма беше 10-ти на последните седум средби во италијанскиот шампионат.

Пред Роналдо, со реализација на седум средби по ред се истакна Давид Трезеге.

Вкупно досега, Роналдо има постигнато 15 голови во првенството и е на второто место на списокот на стрелци зад напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле кој има дадено 23 гола.