Роналдо има намера до крај да го доработи договорот со Јувентус

Напаѓачот Кристијано Роналдо ја гледа својата иднина во Јувентус. Триеесет и петгодишниот напаѓач има намера целосно да го изработи својот договор, со важност до летото 2022 година.

Португалецот има добри односи со раководството на „бјанко-нерите“. Кризата поврзана со прекинување на сезоната поради пандемијата на коронавирус нема да влијае на неговата иднина во Торино.

Роналдо во моментов е во карантин во Португалија, но постојано е во контакт со клубот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.