Роналдо како јагода го доживува пехарот во ЛШ

186

Португалскиот интернационалец, Кристијано Роналдо, е последниот фудбалер на шпанскиот гигант Реал (М), кој јавно призна дека сите кои директно или индиректно се поврзани со „кралскиот клуб”, се опседнати со јубилејната десетта титула во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. 

„Да се освои јубилејната, десетта титула во Лигата на шампиони и тоа во Португалија, на стадионот „Луж” е исто како да се стави јагода на врвот од тортата. Сите кои се поврзани со Реал (М), без разлика дали директно или индиректно се опседнати со титулата во ЛШ. Тој трофеј додатно не мотивира. Ќе дадеме се од себе, ќе направиме се што е во наша моќ за да славиме во ова натпреварување”, изјави Роналдо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.