Роналдо ќе мора да даде исказ во полицијата во САД

Фудбалерот на „Јувентус“, Кристијано Роналдо ќе мора да се појави на сослушување во полицијата во Лас Вегас поради обвинувањата за силување на Кетрин Мајорга, информираше портпаролот на полицијата од Лас Вегас, каде наводно се случило силувањето. Од полицијата демантираа дека се изгубени доказите од пред десет години кога фудбалерот бил првично пријавен.

Доказите се тука, информациите дека биле изгубени се неточни. Сé што било собрано тогаш останува во полицијата. Ние не знаеме како се развива случајот, но сигурно е дека Кристијано Роналдо ќе мора да даде исказ. Тој не е на територијата на САД, но во одреден момент во текот на истрагата ќе мора да дојде. Не сакам да шпекулирам за детали, но станува збор се сериозни обвиненија, соопшти портпаролот на полицијата.

 

Полицијата не сакаше да даде информации за  какви докази се работи, но некои од документите кои се појавија во јавноста и кои се украдени од страна на хакери нема да може  понатаму да се користат во случајот. Тоа пред се се однесува на договорот, според кој, на Мајорга Роналдо и платил 300.000 долари за да молчи.