Роналдо ќе биде задоволен и со триумф во малото финале

Легендарниот репрезентативец на Бразил, Луис Назарио да Лима Роналдо, призна дека е поразот од Германија е најкатастрофалниот во историјата на бразилскиот фудбал, но болката ќе биде многу помала доколку “кариоките” забележат триумф во саботниот натпревар за третото место.

„Не очекуваше вакво нешто, очигледно е дека ова е најголема катастрофа во историјата на бразилскиот фудбал. Плативме превисока цена за направените грешки, но големината на тимовите и репрезентациите се гледа токму од начинот на кој се враќаат по еден ваков шок. Токму затоа е толку важно ова што поскоро да се остави зад националниот тим и в сабота да се стигне барем до третото место. На тој начин би се покажал карактер и желба за експресно надминување на кризата”, изјави Роналдо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.