Роналдо: Меси ме направи подобар играч, како и јас него

56

Многу се напишало за споредбите меѓу двете светски суперeрsвезди Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Вообичаени се и шпекулациите за нивната врска. Овој пат португалскиот напаѓач на Јувентус сподели што мисли за Аргентинецот.

– Нема сомнение дека Меси ме направи подобар играч, како и јас него. Ривалствата се добри, тие се здрави – во фудбалот и во кој било друг спорт. Имам голема восхит за кариерата на Лео, и тој изрази жалење дека ја напуштив Ла Лига. Тоа е затоа што имавме ривалство што тој го сакаше. Тоа е сосема нормално – корисно ривалство што постои во фудбалот. Имаме многу добро професионално разбирање, рече Роналдо.

На прашањето дали некогаш вечерал со Меси, освојувачот на пет „Златни топки“ вели: „Не, но можеби во иднина – зошто да не? Не би имал проблем со тоа – тој е Аргентинец, како и мојата девојка“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.