Роналдо може да потпише за „Јувентус“ ако јавно каже дека сака да си оди

Менаџментот на „Реал Мадрид“ е подготвен да го продаде Кристијано Роналдо во „Јувентус“ за 100 милиони евра, но само под услов фудбалерот прв да ја објави одлуката дека сака да го напушти „кралскиот клуб“, пренесува „Фудбал Италија“, осврнувајќи се на пишувањето на шпанска „Марка“ и „Кадена Копе“.

Вербален договор за можното заминување на португалскиот репрезентативец од „Реал“ беше постигнат уште во јануари, но последниот збор за трансферот во италијанскиот шампион ќе го претседателот на мадриѓаните, Флорентино Перез.

Раководството на европскиот шампион, всушност, сака да ги избегне обвинувањата на своја сметка во случај на заминувањето на најдобриот играч и стрелец на „Реал“, што практично значи дека Роналдо ќе треба да се организира прес-конференција и да ја објави својата желба да го напушти клубот и да се сврти кон нов предизвик.

Португалецот на „Сантијаго Бернабеу“ дојде во 2009 година од „Манчестер Јунајтед“ за 94 милиони евра, а договор со „Реал“ му истекува во јуни 2021.
Претходно беше објавено дека „Јувентус“ би можел да го објави доаѓањето на Роналдо на 7 јули.