11.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Роналдо: Неправедно е мислењето дека Барса секогаш губи поради Валверде и Кутињо, а победува поради Меси

Поранешниот напаѓач на Барселона и Реал Мадрид, Кристијано Роналдо зборуваше за време на рекламен настан на различни теми поврзани со двата клуба.

– Барселона располагаат со голем тим. Се потпираат на најдобриот играч во светот, кој е Лионел Меси. Пред некој ден слушнав дека кога губат, тоа е поради Ернесто Валверде и Филипе Кутињо, но не и поради Меси. А кога победуваат, тоа го прави Барселона на Меси. Тоа е огромна неправда за сите фудбалери и тренерскиот штаб. Интезитетот на Ливерпул не беше изненадување за Барселона, но исто така им недостигаше малку среќа. Првиот натпревар беше гала претстава на Меси, но на реваншот Ливерпул ја „изедоа“ Барселона со интезитет, желба и точност.

Во однос на неговиот сонародник Нејмар и шансата тој да заигра во Реал Мадрид,тој смета дека тоа се само гласини. Бразилецот смета и дека критиките кон него во последно време се незаслужени.

– Ги слушаме шпекулациите за Нејмар многу години. Има гласини, но не верувам дека тој има врска со Реал Мадрид. Секој би сакал да го има во своите редови, но тој во моментов не е на пазарот. Дали е премногу критикуван? Отсекогаш постоеле такви нешто во фудбалот. Дури и мене ме критикуваа, во повеќето случаи неправедно. Ништо што можеме да направиме. Мислам дека е многу интелигентно дете, извонреден талент со желба да се врати и да биде постојан. Повеќето од критиките се незаслужени. Верувам во него и сигурен сум дека неговата ситуација ќе се смени, изјави Роналдо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.