
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо оцени дека Манчестер јунајтед го очекува светла иднина под водство на новиот тренер Ерик Тен Хаг.
Педесет и две годишниот Тен Хаг на крајот на сезоната го напушта Ајакс и се сели на клупата на Манчестер јунајтед, откако минатиот месец потпиша договор со премиерлигашот до лето 2025 година, со можност да ја продолжи соработката за уште една година.
-Сите сме среќни и возбудени, не само како играчи, туку и како навивачи. Мораме да веруваме дека следната сезона ќе можеме да освојуваме титули. Знаме дека (Тен Хаг) заврши одлична работа во Ајакс. Тој е искусен тренер, но мораме да му дадеме време, изјави синоќа Роналдо.
Манчестер јунајтед сезонава не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампиони и на коло пред крајот на сезоната во Англија е шестопласиран со 58 бодови, 31 помалку од градскиот ривал Манчестер сити на врвот на табелата.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.