Роналдо од реклами на Инстаграм за една година заработи двојно повеќе од Меси

Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо стана лидер по заработка на Инстаграм во последните 12 месеци. Тој има двојно поголеми добивки од големиот ривал Лионел Меси, но повеќе заработил и од другите спортисти и останатите ѕвезди воопшто.

Според „Фокс спортс“ Португалецот заработил 72 милиони долари од 34 објавувања на Инстаграм. Меси во овој период има 36 рекламни публикации, кои му донесоа 35,3 милиони долари.

Четвртото место на оваа листа е за Дејвид Бекам. Познатиот англиски фудбалер заработи 16,25 милиони долари за 12 месеци на социјалната мрежа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.