Роналдо плачеше по исклучувањето, но „Јувентус“ со два пенала ја победи „Валенсија“

Премиерниот настап на Кристијано Роналдо за новиот клуб во Лигата на шампиони заврши неславно, откако Португалецот доби директен црвен картон на натпреварот против „Валенсија“ на Местаља. Сепак, иако со играш помалку, „Јувентус“ славеше со 2:0. Во вториот меч од групата „Х“ во Берн, „Манчестер Јунајтед“ славеше со 0:3 против „Јанг бојс“.

Во Валенсија натпреварот не започна најдобро за гостите, откако судијата Феликс Брих во 29 минута му додели директен црвен картон на Роналдо. Португалецот нервозно реагираше по еден дуел со Џејсон Мурилјо кој падна во сопствениот шеснаесетник, па Роналдо го повлече за коса за да стане. Тоа бепе доволно Брих да му досуди црвен картон, 11 во кариерата, но прв во Лигата на шампиони. Португалецот негодуваше, а потоа во солзи го напупти теренот. Тоа, сепак, не влијаеше многу на Италијаните кои во 45 минута поведоа со гол од пенал, кој го изведе Пјаниќ. Босанецот го постигна конечниот резултат во 51 минута кога исто така погоди од пенал. Судијата Брих досуди пенал и за „Валенсија“, но Шчесни го одбрани ударот на Парехо.

Во вториот меч од истата група „Манчестер јунајтед“  на гостувањето во Швајцарија кај дебитантот „Јанг Бојс“ славепе убедливо, благодарение на двата гола на Пол Погба во 35, како и во 44 минута од пенал, како и со асистенција за Мартиал во 66 минута за 3:0.

Вечерва се одигра и натпреварот во групата „Е“ во Лисабон, каде „Баерн“ со головите на Левандовски и Санчез славеше со 2:0. Претходно денеска во истата група „Ајакс“ со 3:0 го побети грчки АЕК.